Хорор: Пилот слета принудно авион со онесвестeни патници


Пилот на авиокомпанијата SkyWest беше принуден  да слета авион со 75 патници во средата, откако соопштил за катастрофална загуба на притисок во кабината среде воздухот.  avion-izmir

Oколу половина час по полетувањето патниците на авионот Embraer 175, кој сообраќал од Чикаго за Конектикат, почнале  да губат свест, а други почнале да чувствуваат вртоглавица и да им се гади.Патници се држеле за главите и се молеле, додека летот 5622 е симнат од  над 9000 метри само за 8 минути и  слетал принудно во Бафало,  во државата Њујорк.

По слетувањето на авионот првично од SkyWest изјавија дека авионот бил приземјен “како мерка на претпазливост”, а медицински лица потврдила дека “вкупно тројца патници  изгубиле свест за време на летот”.

,,Требаше да седнам. Ми недодсстасуваше  воздух, имав вртоглавица и не се чувствував добро “, раскажа Канингем пред Ен Би Си.

Првично беше соопштено дека вратата на кабината се отворила за време на летот, што довело до губење на притисокот. LA Times пишува дека екипажот соопштил дека вратата  на авионот се отворила на височина од над 11 000 метри,  тоа доведува до “брзо распарчување”.По слетувањето од SkyWest оваа информација  ја дефинираа за неточна и додадоа дека ќе истражат што се случило на авионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1