Го нападнал соседот со нож зошто му пречел паркираниот автомобил


Како што информираат од полицијата, вчера во 21:20 часот во Скопје А.Н. (43) пријавил дека пред својот дом на улица Миладин Поповиќ бил физички нападнат од страна на неговиот сосед З.З. (30), кој при нападот имал нож во раката.

„Откако соседите се обиделе да го оттргнат од нападот, на З.З. му паднал ножот, а го кренала сопругата на А.Н. При обидот З.З. да ѝ го одземе си нанел исеченица на раката, меѓутоа не успеал во намерата. Причина за нападот е тоа што пријател на А.Н., кој бил кај него на гости, го паркирал своето возило на уличката по која требало да помине З.З. и изреволтиран од тоа што требало да го почека пријателот на А.Н. да излезе и да го препаркира возилото, го нападнал оштетениот“, наведуваат од МВР.

Извршен е увид и ножот е одземен за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1