„Трчав низ улица по лекарите. Чекајте деца, помогнете ми барем да го кренам од креветот. Ниту една не се заврте, иако јас кутрата викав по нив“ – раскажува Стевка Јовиќ од Батајница, чиј сопруг Славко Јовиќ (76) почина вчера утро во најстрашни маки зошто лекарите од Здравствениот дом Батајница не сакале да му пружат помош зошто им смрдел на фекалии.
Стевка вели дека со денови барала Итна помош во ЗД Батајница зошто на нејзниот сопруг кој пред една година бил опериран од карцином на дебелото црево, му било лошо, но не сакале да дојдат. Откако повеќедневните обиди да ги намоли и пропаднале, Славка и се обратила на сосетката, на чиј повик лекарите дошле кај Јовиќи ама дури по 24 часа.
-Во вторникот дојдоа две млади девојки. Не сакаа ни да влезат во куќа. На вратата им се згади и шепотеа: Леле, како смрди. Рекоа дека тие не учеле за тоа, се завртеа и заминаа. Не го ни погледнаа, ниту нешто му дадоа. Умре во најстрашни маки. Мојот сопруг имаше два катетри и носеше две кеси во кои вршеше нужда. Се грижев за него колку можев, го хранев и перев, ама тие наидоа додека чистев на подот и го пресоблекував, раскажува баба Стевка, која има само еден син кој работи во Украина.
Од Здравствен дом Батајница тврат дека не добиле повик од нив. Наводно тоа биле докторки од Службата за домашна нега при Здравствениот дом Земун.
Случајот го презеде и полицијата за да се утврди зошто човекот е оставен за умре во најтешки маки.
Од ЗД Земун тврдат дека дошле докторка и медицинска сестра и виделе дека пациентот е запуштен и не можеле да му се пријде зошто бил покриен со фекалии. Процениле дека во тој момент не е животно загрозен, односно не се гушел па одлучиле да поминат да го видат следниот ден.
Во министерството за здравство велат дека не се известени за случајот, но најавија дека ќе го испитаат тоа.