Го побудалеа народот: Има ли некој кадарен да излезе и јасно да каже КАДЕ ИМА ЛИСТЕРИЈА!


Каде има листерија? Народот веќе побудале. Оддлени институции се препукуваат меѓу себе. Анализите рекле има во свинскиот врат на Екстра Маин, па суперанализите покажале дека нема.

listeriaНародот веќе не знае што чита и кому да верува. АМАН нашите животи се во прашање – ИМА ЛИ НЕКОЈ КАДАРЕН И НАДЛЕЖЕН ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА ЈА ПРЕКИНЕ ОВАА ГОЛГОТА. Народот заслужува јасно да му се каже каде има лестерија!!!!

Дали на некој му одговара оваа нејасна ситуација. Веќе меѓу народот се врти и муабет дека Екстра Меин биле неправедно обвинети (читај рекетирани) други велат дека токму екстра меин сега се обидува да ја ублажи ситуацијата, трети пак велат дека едноставно институциите ни се толку кадарни да откријат на време што е и како е.

Која и варијанта да ја земеме едно е јасно – Повеќе од еден месец помина, народот си јаде се и сешто и никој не му кажува што е безбедно а што не. Пациенти си починаа, луѓе се заразија – и никому ништо!!!!

Народот има право да знае – ЈАСНО, ГЛАСНО И НЕДВОСМИСЛЕНО !!!!!!

Последна во низата вести на оваа тема е и соопштението на Екстра Меин.. секој ден добиваме по две различни информации – една вели ИМА друга вели Нема листерија во Екстра Маин.. ние веќе нема да навлегуваме се додека некој не излезе и да ја пресече оваа небулоза од препукувања.

Ви го пренесуваме во целост соопштението на Екстра Меин.

06.08ekstra1Почитуван Д-р Sвонко Миленковиќ, Претседателе на Комисијата за заразни болести: Вие изјавивте дека за наводно позитивната мостра на Компанијата Екстра Меин, најдена во примерок земен од малопродажба во Гевгелија, а можеби и во Негорци, е направена квантификација. Со сета почит кон Вашата титула, тоа го демантира резултатот добиен од Центарот за јавно здравство во Велес, потоа Факултетот за ветеринарна медицина, како и Агенцијата за храна и ветеринарство!

Претседателе, како тогаш мострата за која не е направена квантификација ја земавте како позитивна? Дали е тоа етички и правно издржано?

Понатаму, Вие изјавивте дека листерија е пронајдена во четириесетина производи, но дека најголемиот дел подлежат на термичка обработка, а дека само во еден – чадениот сечкан вакумиран свински врат на Екстра Меин – е во производ готов за консумирање. И непотребно ја ставивте нашата Компанија на столбот на срамот!

А, Министерството за здравство објави резултат во кој убаво пишува дека се пронајдени повеќе производители, во повеќе производи готови за јадење, во кои има листерија. Ама не ги објавивте! Зошто? Дали, Претседателе, ова значи дека имате повеќе аршини по кои Вие постапувате? Не сакаме да веруваме дека тоа е тенденциозно, но резултатите укажуваат на тоа!

rezultati-ekstra-meinЗгора на тоа, денеска изјавувате дека не е битна квантификацијата кога сме имале генотипизација?!? И тоа како е битна, ако не и најбитна! Претседателе, би требало да знаете дека квантификација се прави за да се определи инфективната доза за инфицирање на конзументот, а согласно Правилникот за посебни барања што се однесуваат на микробиолошки критериуми на храната, инфективната доза е 100 колонии на еден грам! Инаку, зошто тогаш би била воопшто ставена во Правилникот?

Ако на тоа се додаде изјавата на директорката на Центарот за јавно здравје во Велес, Флорентина Ристевска-Шурбевска дека тие таму направиле квантификација, ама не ја квантифицирале во Извештајот, затоа што брзале да издадат документ дека ја има, за да може да се реагира за доброто на граѓаните – ова е врвен волунтаризам кој што, сосема обратно, е на штета на граѓаните!

Понатаму, Претседателе на Комисијата за заразни болести, дали Вие знаевте дека методата за генотипизација на Ветеринарниот Институт во Скопје – НЕ Е АКРЕДИТИРАНА? А постојано се повикувате на неа!

Кој сега ја направи штетата и, конечно, кој ќе одговара за штетата? Прекинете со импровизации, фатете се со работа и барајте ја листеријата на вистинското место!

интегрален текст од соопштението на Екстра Меин

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1