Трагедија во Србија : „Дадовме кожа да го спасиме, а го враќаме дома мртов“


Момчето на кое другарите му донираа кожа за да му го спасат животот, за жал почина.

kozaСпоред податоците од српскиот Ало, 25-годишниот Стефан Миниќ од Крагуевац почина на Клиниката за пластична хирургија иако утре требаше да биде пуштен дома по успешната операција.

– Не ни е јасно што се случи, најверојатно се работи за сепса. Се опорави, операцијата помина успешно, требаше да си дојде дома…

Во саботата качи температура, во вторникот почина. Ги чекаме наодите, уште сме во шок, вели семејството.

На Стефан во пожар му изгоре 40 отсто од кожата.

Неговите другари од детството, Никола Петровиќ, Милош Џукиќ и Никола Барјактовиќ без размислување му дадоа кожа за да му го спасат животот.

И тројцата скршени од болка со солзи во очите иако покажаа дека големо пријателство сепак постои, за жал не успејаа да го видат својот другар жив и среќен.

„Наместо да го вратиме дома среќен, го вративме во ковчег“, велат низ солзи.

koza

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1