Вугар Гусејнзаде е 21 годишно момче кое доби нова работа – и тоа не било која туку тој е нов менаџер на Баку. Тој ќе биде задолжен за доведување и продавање играчи во клубот.
Работата ја добил, неверојатно но вистинито, само затоа што имал неверојатни резултати играјќи ја игрицата Football Manager. Тој во апликацијата за работа напишал дека ја игра 10 години.
“Секогаш сум сакал да работам во фудбалот, а Менаџер играм од 2002 година. Мојата цел е во рок од три години да го доведам Баку во европските купови.”- амбициозно вели момчето.