Го прекина заветот на молчење – Цеца проговори за врската на Ѓинѓиќ и Аркан


Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ реши да го прекине заветот на молчење и после 18 години да раскаже се за пријателството меѓу Жељко Ражнатовиќ и Зоран Ѓинѓиќ.ceca-arkan

Таа за српски Курир раскажала дека нејзиниот покоен сопруг Аркан му помогнал на покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ да го спаси животот така штои го префрил во Црна Гора 1999 година, во време на бомбардирањето на Србија.

Цеца навела дека Ѓинѓиќ и Аркан биле пријатели уште од времето додека убиениот премиер студирал во Германија.

-Вистина е дека мојот покоен сопруг му помогнал на Ѓинѓиќ да се засолни во Црна Гора. Зоран и Жељко биле пријатели уште од времето кога Ѓинѓиќ студирал во Германија. Во прилог на нивното долгогодишно пријателство можеби најдобро говори фактот што на денот кога мојот маж беше убиен, меѓу првите во нашата куќа дојдоа Зоран и Ружица. Тој човек иако беше во опозиција дојде да му упати последен поздрав на својот пријател. Беше храбар, имаше став – рекла Цеца

Аркановата вдовица мисли дека надлежните останале должни во врска со позадината на убиството на премиерот.

-Сметам дека позадината на атентатот на премиерот треба да ја утврдува обвинителството и надлежните државни институции, но исто така и очекувам конечно да се најдат убијците на претседателот на српската влада, како и оние кои го наредиле убиството на мојот сопруг- рекла Цеца.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1