Го претепале откако го украл амбулантното возило, а потоа со истото бил пренесен во болница


Двајца австријци во центарот на Грац украле амбулантно возило додека лекарската екипа давала прва помош. Да биде малерот уште поголем за едниот од крадците бил претепан од страна на неговиот татко, а подоцна со истото возило кое што го украл и го оставил, бил пренесен во болница.


Необичната кражба започнала вообичаено, кога лекарскиот тим бил повикан поради епилептичен напад. Додека се обидувале да го внесат пациентот, медицинската екипа доживеала шок, затоа што амбулантното возило стартувало изненадувачки, а во него претходно немало никој, затоа што возачот им помагал при внесување на пациентот.

Полициската истрага утврдила дека двајцата мажи влегле во возилото и избегале. Оперативната централа преку ЏПС го пратела движењето на возилото и преку радио станицата ги повикувала крадците да го вратат.
Крадците по некое време го оставиле возилото и тргнале пешки кон своите домови. Да биде баксузот поголем, таткото на едниот крадец го претепал неговиот син поради кражбата, по што овој се јавил да побара лекарска помош.

Малерот на крадецот продолжил да го прати, откако по него пристигнало истото возило кое пред неколку часа го украл. Осомничениот е идентификуван на основа на изјавите на очевидците, а во полицијата ја признал кражбата и името на неговиот другар кој учествувал во истата. Инаку во Австрија ова е прв случај на кражба на амбулантно возило.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1