Пак поскапе бензинот – 88.5 ден за литар


Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините за 2,5 денари за литар, а дизел за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 63 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 47,237 денари за килограм.

Причина за зголемувањето на цените била за 5,07 отсто повисоката просечната цена на сурова нафта во изминатите 14 дена и за 1,16 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1