Го продава својот глас на оглас – само 2000 евра и ќе гласам за вас


Србин преку оглас поставен на сајтот kupujemprodajem.com го продава својот глас за престојните избори – ако дадет повеќе ќе ја убедам и сопругата да гласа за вас, вели тој во огласот.

“Почитувани политичари, ценети партии – До 16 март има малку време, па побрзајте, вие може да го добиете мојот глас кој може да е капка која ќе ја прелее чашата, или ќе ви донесе доволно да со полно право преговарате за коалиција во влада.

1018487-1141533-oglas-1Можеби токму  мојот глас ќе ве донесе на власт !

Ако одлучите да го купите мојот глас ќе ви доставам и фотографија  и електронски доказ дека сум ве заокружил вас.

Знам дека цената може да е висока, но досега, за кого гласав – тој секогаш победуваше.

Ако дадете износ повисок од 2000 евра, можно е да се убеди и мојата сопруга и да гласа за вашата партија или коалиција.

Со среќа да ви е на аукција, се вели во рекламата.

1018487-1141533-oglas-1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1