Nike потврдија: Во 2015 патики кои сами се врзуваат како од филмот “Враќање во Иднината”


Дизајнерот на компанијата Nike, Тинкер Хетфилд, откри дека обувките со врвци кои сами се затегаат, како оние во филмот „Back to the future II”, ќе се појават во продажба од 2015 година.

nike-patiki2„Вистина е дека во 2015 година на пазарот ќе пласираме врвци кои сами се затегаат”, рече Хетфилд во Њу Орлеанс.

Компанијата Nike споменатите врвци ги патентираше во 2010 година. Истата година компанијата на аукција продаде 1.500 чифта патики Nike MAG, за да ја поддржи фондацијата на Мајкл Џ. Фокс за борба против Паркинсоновата болест, актерот кој ја одбележа трилогијата „Back to the future”.

Иако патиките беа идентични со оние од филмот, нивните врвци не се стегале самите. Сепак, со нивната продажба биле собрани шест милиони долари.

nike-patiki

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1