По 400 години, решена мистеријата на реката Амазон


Во прашање е речиси 400 години стара мистерија: Каде започнува реката Амазон? Научниците сметаат дека конечно дошле до одговорот

Ова прашање беше комплицирано поради големиот број на притоки кои се влеваат во Амазон како и поради фактот дека бар пет реки во Перу ја носеле оваа титула од 16 век.

Amazon-1-500x375Групата истражувачи сега тврдат дека реката Апуримак погрешно ја носела оваа титула во 1971 година, и дека тие сега го пронашле вистинскиот почеток на Амазон- Мантаро река во Перу.

Доколку  овие тврдења се покажат како точни, ќе се случат уште некои промени: Амазон ќе порасне за 76 до 90 километри на постоечките 6.437 километри должина.

Меѓутоа, во прашање е донекаде половичен заклучок. Прво, дефиницијата за „извор“ не е во целост дефинирана, а моментално прифатено е дека извор „е најдалечната точка на притоката која се влева во реката.“

користејќи топографски мапи, сателитски снимки и ГПС податоците за да се мапира реката Мантаро, тимот утврдил дека таа е отприлика 10% подолга од реката Апуримак, што доведе до оваа титула.

Меѓутоа, проблемот лежи во фактот дека оваа река не тече цела година поради браната конструирана во 1974 година, која ја пресушува на секои пет месеци, секоја година.

Поедини географи сметаат дека тоа значи дека оваа река не може да се најде во изборот, но авторите на студијата тврдат дека привремените промени кои ги направил човекот, не би требало да се земаат како одлучувачки фактор.

Географите сметаат дека Мантаро би требало да се земе во предвид, како нов извор на Амазон, но не и како извор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1