Бројот на сексуални работнички во Грција драстично се зголеми во кризата. На полнолетните проститутки им се приклучија и малолетни девојки, кои своето тело го прдаваат и за два евра или оброк.
Некогашните 50 евра потребни да „изнајмите“ девојка на некој час, сега се спуштија и до цената на едно гиро, пишува британски „Мирор“.
– Некои тоа го прават за пита гиро, сендвич или друг оброк, бидејќи се гладни – тврди психологот Грегори Лазос од атинскиот универзитет, додавајќи дека на улиците има се повеќе тинејџерки. “
Според него вкупниот број на жени кои се проституираат е потресен. Официјално има околу 18.500 сексуални работници во Грција, 80 отсто од нив жени.
Само 10 од 525 бордели во Грција имаат легална лиценца за работа.