ТОШЕ Богданов (30) од Кочани го славел раѓањето на својот син и трагично загинал во пожар во дискотеката „Пулс“.
Младиот Тоше Богданов работел во сервис за автомобили и живеел со сопругата која се породила ноќта пред трагедијата.

-Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во дискотека, а сега го нема“, изјавил извор запознаен со случајот.
Пред само неколку дена добија син и токму неговата рожба била причина да замине во „Пулс“ и да го прослави неговото раѓање. За жал, Тоше по кобната несреќа не се врати дома.
Неговата сопруга со тргателен статус на социјалните мрежи се прости од него.

„Кога се изборивме со се кога го добивме тоа што го сакаме.
Нашата љубов доби плод кој ќе не веселеше цел живот на кој ке се смеевме и радувавме,што се случи зошто овој живот е толку суров и без милосен зошто ги зема луѓето кој треба да живејат на кој животот е пред нив.
Јас ќе бидам храбра мама и ќе се борам да нашето мало ангелче израсне во човек како што беше ти добар храбар и јак човек.Кога ќе порасне и ме праша мамо каде е мојот татко јас ке му речам да поглетне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети а тоа ке бидеш ти.
А јас ке бидам таа што секогаш ке те сакам,и никогаш нема да те заборавам.
Вечна ти слава беше незаменлив човек “, напиша таа.