Летонски уметник многу ги налути Русите, откако статуа на рускиот претседател Владимир Путин на која тој е распнат се појави во главниот град на Летонија, Рига, на уметничката изложба посветена на 20. век.
Уметникот, кој сакаше да остане анонимен, го распна рускиот претседател на црвен крст со помош на шајки забодени во рацете и нозете, а имаше и венец од бодликава жица на глава.
Големиот крст на кој е распнат Путин се наоѓа во близина на зградата која во време на СССД била седиште на КГБ во Летонија.
На посетителите им е дозволено да закачуваат шајки во статуата Путин, но многумина тоа не сакаат да го сторат, пишува „Раша тудеј“.