Го селат тасманискиот ѓавол за да го спасат


Неколку тасманиски ѓаволи се преселени на еден помал австралиски остров во обид да се спаси нивниот вид, изложен на изумирање заради фацијалниот тумор, што досега усмрти повеќе од 90 отсто од овој вид торбари.

Австралиските медиуми пренесуваат дека 15 тасманиски ѓаволи, грижливо избрани во рамки на програмата за размножување во услови на заробеништво, водени ширум Австралија, денеска се пуштени на островот Марија, природен резерват оддалечен 16 километри источно од брегот на Тасманија.

Трансферот на островот Марија има за цел да одгледа независна популација на здрави ѓаволи кои живеат на слобода, во безбедни услови, на простор во кој нема да бидат во контакт со смртосносниот фацијален канцер.

На островот Марија нема возила, ниту продавници, ниту постојани населби. Единствените луѓе на островот се шумарите и повремените туристи.


Тасманија е единствено место на светот на кое живее овој мал торбар.

Туморот на лицето, наречен „Ѓаволовиот фасијален тумор“ се појави во 1996 година и брзо почна да се шири низ целиот вид. Болеста се пренесува преку физички контакт, главно преку каснување за време на парењето.

Речиси секогаш има смртоносен исход и раширена е низ цела Тасманија. Досега имаат угинато околу 91 отсто од популацијата на тасманиски ѓаволи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1