Во тешка сообраќајна несреќа четири лица загинаа, меѓу кои и една трудница, додека уште две лица се тешко повредени.
До несреќата, која се случила околу 14 часот во населбата Табановиќ. Три лица починале на лице место, едно на патот кон болницата, додека лекарите се борат за животот на уште две лица.
До несреќата дошло кога возачот на Ауди Q7, со италијански регистерски таблички Саша Ј. (29), изгубил контрола над воланот и слетал од коловозот, се превртел а потоа удрил во ограда.
Жителите на Табановце биле беа згрозени од вчерашната сцена на улицата Иво Лола Рибар, број 116.
Во каналот покрај патот на покривот беше превртен џипот “Ауди Q7”, со италијански регистарски таблички-ЕД 66 3X.
Повеќе од час и половина и било потребно на полицијата за да ги извлече првите три телата од автомобилот, а повеќе од три часа за да ги извади останатите тела.
Според првичните податоци најмладиот од сопатниците добил син, што била вистинската причина за славење веројатно се напиле повеќе и за жал завршиле трагично.