Американецот Дарнел Пикслеј дефинитивно е во „комплицирана“ врска.
Тоа го сфатила и неговата сопруга, една од трите сопруги на Дарнел, откако на Фејсбук видела фотографии од венчавката на својот сопруг и непозната жена, пишува „Хафингтон пост“.
Потоа изнајмила детективи, а тие откриле дека 49-годишниот Пикслеј се венчал во ноември 2013 година. Исто така откриле дека уште двапати се женел, започнувајќи со стапувањата во бракови уште од 1988 година.
Секоја од неговите жени живее во друг дел од државата Јужна Каролина. Полицијата се сомнева дека тој има уште жени, но открива дека мажот не сакал да каже ништо за тоа.
„Неколку пати рече дека е возможно да станува збор за забуна, но освен тоа, не сакаше да зборува ништо повеќе, открила полицијата.