Болните само за преглед на дојка без биопсија ќе чекаат по три месеци
Клиниката за онкологија и радиотерапија, се растовари од повеќето биопсии, бидејќи по суспендирање на единствениот дијагностичар, нема кој да ги работи, но ги натовари болните со нов проблем – им се продолжи времето за откривање на болеста, пишува Утрински весник.
Ако на Клиниката за онкологија, како што претходно тврдеше првиот човек Милан Ристевски на пациентите за било каков вид биопсија им се закажуваше истиот ден, а резулатите за дијагнозата ги издаваа за три дена, сега болните за да стасаат само на преглед ќе им треба најмалку три месеци. Овој проблем, според поплаките на болните е најизразен за преглед на дојка, како и на тироидната жлезда. Пациентите реагираат дека само за мамографија или рентгенско снимање на дојката, за да закажат во некоја од здравствените установи во Скопје треба да чекаат три месеци.
Во градската општа болница „ 8 септември“ која, Ристевски ја посочи како една од двете установи кои ќе преземат дел од биопсиите на дојката, мамографија на пациентките им закажуваат од сега за во август. Ништо подобра не е состојбата со листите за мамографија ни во поликлиниките. Во „Букурешт“, термините им се исполнети се’ до 30 септември, а во „Јане Сандански“ воопшто не закажуваат, бидејќи чекаат да се активира електронскиот систем на прегледи.
Подетално прочитајте на – Утрински весник