Го уби надгробната плоча на тaшта му


Маж од американската сојузна држава Пенсилванија загинал во понеделникот, откако врз него паднала надгробна плоча додека го уредувал грбот на мајката на неговата сопруга пред велигденските празници, изјави за медиумите чуварот на гробиштата.grob spomenik

Несреќниот 74-годишен Стивен Војтак бил клекнат покрај гробот на тешта му помагајќи и’ на сопругата околу средувањето на гробот, кога надгробната плоча, тешка околу 200 килограми, најверојатно поради омекнатата земја, се откачила и паднала врз него нанесувајќи му смртоносни повреди, од кои починал иако многу брзо пристигнеле службата за итна помош и полицијата.

„Неговата сопруга избезумена плачејќи дотрча до мене барајќи помош. Кога дојдовме до местото на несреќата, веќе беше критично. Успеав некако делумно да ја помрднам претешката плоча од него. Ни самиот не знам од каде ми дојде таа сила, веројатно адреналинот си го стори своето“, изјави за локалните медиуми чуварот на Католичките гробишта во местото Труп, предградие на Скрантон.

Полицаец и медицинското лице му помогнале целосно да ја отстранат надгробната камена плоча со димензии 4 на 4 метри од несреќниот маж. „Беше трагично. Ништо не можеше веќе да се стори“, додава Кубилас и додава дека починатиот и неговата сопруга по неколкупати годишно доаѓале за да ја одржуваат семејната гробница.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1