Српската полиција во шок: Девојки го врзале силувачот да виси од 10-ти кат


Несекојдневна и во најмала рака бизарна пријава пред четири дена ја потресла полициската станица во Панчево. Молерот Драган Б. (33), кој во 2006 година бил уапсен поради силување, дошол во полиција и пријавил дека во ноќта помеѓу 27 и 28 март го претепале и злоставувале три девојки и двајца мажи! Помеѓу останатото, го врзале и да виси од 10-ти кат.

suluvac visi vrzanКако што пренесува српски „Ало“, тој изјавил дека петмината упаднале во неговиот стан и со часови брутално го малтретирале. До детали го опишал нападот кој полицајците кои го сослушувале ги оставил без текст.

Имено, Драган Б. тврдел дека насилниците најпрво го претепале, а потоа го соблекле и го врзале со јажиња. Потоа ги зграпчиле електричните кабли кои му ги закачиле на телото, а потоа со струја со јачина од 220 волти му предизвикувале електрични шокови.

Кулминацијата на нападот следела кога насилниците го врзале со ремен кој електричарите го користат за качување по бандери, а потоа од терасата од стан на 10-ти кат го спуштале низ фасадата од зградата.

Полицајците останале шокирани после неговата изјава, а целокупната приказна ја поддржале и многуте модринки и хематоми по неговото тело. Бил повикан и лекар кој после прегледот дијагностицирал дека се работи за полесни повреди, а полицијата покренала обемна истрага и потера по напаѓачите.

Како што пренесува „Ало“, полицијата мошне темелно му пристапила на овој случај, а истрагата се движи во неколку правци, имајќи предвид дека Драган имал големо досие.

Исто така, со проверка било откриено дека постојат околности кои укажуваат дека тој и во последно време се занимавал со пружање сексуални, но и услуги за еротска масажа, па поради тоа полицијата најпорво се посомневала дека зад сето ова се крие некоја садо-мазо сеанса која излегла од контрола.

– Полицијата не ја исклучува можноста дека зад нападот стои и група дилери на наркотици на кои оштетениот наводно им должи пари. Истрагата се движи и во таа насока – рекол извор близок до истрагата.

Инаку, Драган Б. зад себе имал големо досие поради тешки кривични дела.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1