За 1100 денари убиен 77 годишниот Шуќо Ќосовиќ. Куќната помошничка која повремено работела во неговиот дом ги информирала нејзините пријатели дека Шуќо имал пари, покажала истрагата на МВР.
Тие направиле план како да го ограбат. Се собрале повеќемина и заминале во куќата на несреќниот старец во Ченто.
-Баџанаците и куќната помошничка заедно со 26-годишниот скопјанец, кој ги возел, се упатиле кон куќата на сега починатиот. Влегле во неговиот дом кога тој спиел, но во еден момент сега починатиот станал од спиење, ги забележал двајцата првоосомничени. Истите го нападнале, едниот го држел за раце, а вториот со тупаници и со повеќе удари во главата бил нападнат. Го натерале да им каже каде се наоѓаат парите и по извршеното претурање по собата пронашле и одзеле 1.100 денари, изјави помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Утредента неговата внука го пронашла старецот мртов во претсобјето.
Шестмина роми се осомничени во случајот. Двајца кои го извршиле рабојништвото и го претепале Ќосовиќ, куќната помошничка но и лицата на кои им го продале украдениот пиштол.
Сите шестмина со кривична пријава за разбојништво, помагање и недозволена трговија со оружје се изведени на распит пред истражен судија.
Осомничени се шест лица. Двајцата баџанаци Ерман С. (18) и Џемаил И. (30) се сомничат дека се директни сторители на разбојништвото со последица смрт. Куќната помошничка и 26-годишниот скопјанец Ферди И. се осомничени за помагање, додека уште две лица се сомничат за недозволено тргување со оружје, меѓу кои е и таткото на сопругите на баџанаците.