Во 11:30 сите во „Борис Трајковски“, да им дадеме поддршка на кошаркарите!


Македонските кошаркари од 11:30 часот во салата „Борис Трајковски“ ќе одржат тренинг кој ќе биде еден последните пред патувањето за Словенија.

Со оглед на тоа дека вратите на спортскиот центар ќе бидат отворени, тоа претставува добра можност да им се даде поддршка на нашите кошаркари.

navivanje-500Со освојувањето на силниот турнир во Улм и победите против Грција, Германија и Босна и Херцеговина, нашите кошаркари најавија дека можеме да очекуваме успеси на ЕП во Словенија. Но, потребно е да знаат дека имаат поддршка, дека цела Македонија ќе навива за нив.

Утрешниот тренинг е закажан за 11:30 часот, а е можност за сите нас да им покажеме на нашите кошаркари дека ја имаат нашата поддршка.

Кошаркарската репрезентација на Македонија во понеделник е предвидено отпатува за Словенија. Првиот натпревар го играме против Црна Гора во среда од 17.45 часот во Јесенице. Потоа следат натпревари со Литванија и Србија.

Амбициите на нашите кошаркари се високи, јавноста има големи очекувања. Четвртото место од ЕП во Литванија се чини дека ги оправдува нашите апетити. Заслужуваат масовно да се проследи еден од последните тренинзи на нашите кошаркари и со победничка мисла да ги испратиме во Словенија, од каде очекуваме одлични игри и нови победи кои ќе ја израдуваат македонската нација.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1