Мет Фрост (29) од Корнвол во Велика Британија кој работел како надзорник во една продавница, откако му паднала кутија со метални предмети на главата, бил принуден да замине на долго боледување. Додека да се опорави, заклучил дека работата во продавницата не е нешто што вистински го исполнувало и дека сака да најде нова работа, а не само да мора да ја трпи. Оттогаш секоја недела менувал работни места и има намера така да продолжи цела една година.
Неделната плата Фрост ја уплаќал во Фондот на принцот Чарлс, наменет за професионална обука на млади сиромашни луѓе и до сега на оваа сметка има собрано околу 2500 фунти, околу 3000 евра.
„Јас работев во продавницата откога на 17 годишна возраст го напуштив колеџот. Додека да се опоравам од повредата, почнав да се прашувам дали навистина сакав да го работам ова до крајот на мојот живот.
Сватив дека не сакам да уживам само вечерта кога ќе се вратам дома и за време на викендот. Сакам да уживам и во работата од која заработувам за живот“, изјавил Фрост.
Поради тоа што не е сосема сигурен што сака да работи, одлучил да се проба во различни нешта, а до 2013 година има намера да промени 52 различни работи, од кои секоја работа, ќе ја менува по секои пет работни дена.
За тоа време живее во Лискерд во Корнвол, дома со своето семејство, неговиот татко Роб (57), кој е фотограф, неговата мајка Паулина (55) и неговата сестра Мишел (27) која работи во супермаркет. Семејството го има поддржано во ваквата активност и се надева дека неговата потрага конечно ќе го даде посакуваниот резултат.
Бидејќи практично живеат без приходи, само од своите заштеди тој им помагал на семејството, кога работел далеку од дома. Му помагаат непознати луѓе, кој на драго срце му обезбедуваат превоз и преноќевање. Потрагата по работа досега го носела во Лондон, Шкотска и Севрна Ирска.
Се ангажирал во најразлични задачи, од наједноставни физички, до интелектуални канцелариски. Недела дена работел како каскадер, што го забавувало, но по малку и го плашело.
Недела дена поминал во работа со деца со посебни потреби, што го смета за драгоцено и специфично искуство, а недела дена бил посветен на работата на фондот на принцот Чарлс, каде што имал можност да види како се трошат јавните пари.
Слободното време го минал во потрага по нови работни мест и организација на се што е потребно, а од работите кои до сега ги извршувал најмногу му се допаѓале оние кои што му овозможувале целото работно време да го спроведува на чист воздух, како што е работата на фарма и оние работи кои биле креативни, како ковач, каде изработувал предмети од метал, за кои знаел дека долго ќе траат и ќе бидат корисни.
На прашањето што ќе биде ако својата идеална работа ја пронајде пред истекот на годината, Фрост одговорил дека ќе издржи до крајот, затоа што предизвикот кој себе си си го поставил и дисциплината која за тоа е потребна го прави среќен, иако не е ни нималку лесно секој понеделник да почне од почеток, да биде во нова фирма и да запознае нови луѓе.