Го заборавиле детето во автомобил, таткото не сакал да го скрши стаклото


Случаен минувач му го спасил животот на едно двегодишно дете чии родители го заборавиле клучот во автомобилот кој бил паркиран на сонце, пред трговски центар во Пореч, Хрватска. Таткото на детето не сакал да го скрши прозорецот на автомобилот за да ја отвори вратата и да го извлече детето на кое му се заканувал топлотен удар, пишуваат хрватските медиуми.grgic-656x365_thumb_medium500_278
Зоран Гргиќ

Зоран Гргиќ е спасителот на двегодишното дете.

– Случајно се најдов пред влезот на трговскиот центар. Ме повика една познаничка, да помогнам. Кога видов дека во автомобилот има дете кое е заклучено, решив да го скршам стаклото. Кога го прашав таткото на детето зошто не го скрши прозорецот, тој ми одговори дека го чека клучарот да му го донесе клучот и да ја отвори вратата. Без многу размислување го скршив прозорецот и го извлеков детето, кое не само што беше препотено, туку веќе почна да ја губи природната боја – изјави за медиумите Гргиќ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1