Годишниот одмор ќе може да се дели на повеќе делови


Собранието на вчерашната седница ги прифати во прво читање измените на Законот за работни односи со кои меѓу другото се предвидува поделба на годишниот одмор на повеќе делови.sobranie_RM

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими појасни дека еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Се врши  и измена со која на работникот му се овозможува наместо користење на досегашниот еден ден од годишниот одмор по сопствен избор, да користи два дена со претходно известување на работодавачот од три работни дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1