Милионерка по грешка: На картичка имала 10 милиони долари! (ФОТО)


Четириесет и девет годишната Су Ламб од Австралија во неделата ја проверила состојбата на својата кредитна картичка каде навистина имало што да се види.

Кога го видела износот, се одушевила!2su.jpg500

Су одеднаш станала милионерка! Точната сума на нејзината картичка изнесувала 9.990.420 долари. Без да размисли за последиците, веднаш се пофалила со фотографија на Фејсбук под која напишала: Погледнете ја состојбата на мојата кредитна картичка на која има лимит од 50 000 долари. Знаете што? Јас сум милионер!

Су почнала да добива предлози за брак, барања за позајмици, настанала една општа еуфорија – но само за кусо време.1su.jpg500

За среќа Су и одолеала на потребата да извади нешто од парите додека не провери за што се работи. Од банката ANZ  и објасниле дека погрешил банкоматот (!?) односно дека машините не се во ред и ќе се поправаат.

Парите следниот ден биле повлечени од нејзината сметка, банката се извинила, а за непријатноста на Су и понудиле ручек!

– Не дека ќе ми надоместат за стресот но барем ми понудија ручек следната недела. Само сакам луѓето да знаат дека банките понекогаш грешат! – вели Су.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1