Бездомник умирал во трамвај – никој не сакал да му помогне


На еден бездомник вчера му се слошило во трамвајот со број 2 кај белградска Славија, но никој од патниците не реагирал освен младата Александра Пантиќ, која додека другите ги вртеле главите, се обидела да му помогне на човекот што почнал да крвари низ уста.

Преку зимата бездомниците бараат спас од студот во „хотелот “ – трамвај  Двојка  кој кружи низ центарот на Белград. Еден од нив вчера покажа дека во градскиот превоз има многу луѓе но, за жал меѓу нив немало ни еден човек.tramvaj belgrad

-Бев во трамвајот и брзав на работа кога на бездомникот покрај мене му се слоши. Мислам дека имаше епилептичен напад. Беше ужасно. Човекот ги вкрсти очите, ги искриви дланките во висина на главата и почна да ги врти. Сите го тргаа погледот, а нему пена му излегуваше од уста, вели Александра и додава дека и крв почнала да му тече низ уста зошто најверојатно си го гризнал јазикот.

Таа за српските медиуму раскажала  дека гласно барала да и го кажат новиот број на Брзата помош но никој не сакал. На крајот го побарала на интеренет на својот мобилен, свртела но не добила одговор.

Не смеела да задоцни на работа, а од друга страна на сакала да го остави човекот. Ги гледала другите патници но никој не реагирал.

Александра морала да се симне на следната станица за да не задоцни на работа. Вели од Брзата помош не и се јавувале, а успеала да ги добие кога излегла од трамвајот.

-Кога ми се јавија ме прашаа зошто не сум покрај него. Им објаснив дека не можам да доцнам на работа и дека се наоѓа во трамвајот. Мое беше да се јавам и да му помогнам колку можам. За жал, свесна сум дека тој човек може и умрел во трамвајот, додава таа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1