Ѓоковиќ го освои Вимблдон


Новак Ѓоковиќ по четврти пат е победник на Вимблдон.

Србинот кој годинава беше дури 12-то рангиран во финалето за само 2 час и 20 минути игра, во три сета го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка.
Првиот сет Ѓоковиќ го доби експресно за само 29 минути игра со 6-2, а исто беше и во вториот откако уште на стартот направи бреј, а подоцна и уште еден, па сетот го доби со 6-2.

Во третиот сет јужноафриканскиот тенисер одигра многу поквалитетно, но тоа не беше доволно, па Ѓоковиќ го доби во тај-брејк со 7-3 на поени, за конечни 3:0 во сетови.

За него ова беше вкупно 22-ро финале на Гренд-слем турнирите, а петто на Вимблдон. Единствениот пораз во дуелот за трофејот во Лондон, Србинот го има претрпено 2013 година кога во три сета загуби од Енди Мареј.

За него ова е четврти трофеј на овој турнир (2011, 2014, 2015), а вкупно 13-ти на турнирите од „големата четворка“.

За 32 годишниот Андерсон ова беше само второ финале на Гренд-слем турнирите. Во првото лани (2017) загуби од Рафаел Надал со 3-0 на УС Опен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1