Ѓоковиќ: Ќе дојдам во Македонија за да ја запееме „Зајди, зајди”


 Сакам да ја посетам Македонија и да се сретнам со моите поддржувачи во оваа земја. За жал, згуснатиот распоред на светските турнири ме оневозможува во тоа. Но, сигурно ќе дојдам наскоро, а можно е тоа да го сториме со репрезентацијата на Србија, зошто да не?

2013 Australian Open - Day 14Ова е пораката што синоќа од Шарлроа, Белгија, ја испрати најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Во рамки на 16. финалето од Дејвис купот, селекцијата на Србија гостува во Кралството, каде веќе по првиот ден води со 2:0, по брилијантната победа на Ѓоковиќ, но и триумфот на неговиот колега Троицки.

На прес-конференцијата по убедливите 3:0 во сетови на популарниот Ноле над најнискиот тенисер во светот, Оливие Рошус (168 сантиметри), светскиот рекет број еден одговараше и на прашања на дописникот на МИА од Брисел.

– Следам на социјалните мрежи дека имам голем број на поддржувачи од Македонија, за што неизмерно им благодарам, гласи одговорот на српската ѕвезда на прашањето дали знае дека е ултрапопуларен и во нашата земја.

А, запрашан дали познава некого од активните македонски тенисери, Ноле крева раменици:

– За жал, во моментов не знам кои се македонски тенисери – искрен е Ѓоковиќ. “Ги знаеме Шевченко и Китинов! Тоа беа извонредни тенисери со кои јас имам играно”, дофрла селекторот на српската репрезентација Богдан Обрадовиќ, кој присуствуваше заедно со својата ѕвезда на синоќешната прес-конференција.

nole tose

Тогаш за момент се натажи ликот на најдобриот тенисер на денешницата, иако атмосферата беше весела во собата за новинарите во спортскиот центар “Спиридом” во Шарлроа.

– Затоа го знам и најповеќе го ценам Тоше Проески!, о


Пред крајот на прес-конференцијата, популарниот Ноле посака да испрати порака до Македонија. – На македонскиот народ му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе се видиме, да се дружиме и да ја запееме „Зајди, зајди”!, се обврза Ѓоковиќ на средба со македонските фанови, а и дека ќе ги удостои со македонска песна, што неретко го прави при прославите на своите победи.тсече Ѓоковиќ, со што стана јасно зошто ведриот и насмеан лик одеднаш го загуби сјајот.

– Тоа што Тоше го направи е историско.Тој е легенда, која за жал не е повеќе меѓу нас, но неговите песни траат, неговата музика масовно се слуша. Тоше е фантастичен – отвори душа светскиот рекет број еден со што измами воздишки кај присутните новинари од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

aap_7230_31Dec_NovakDjokovic_800x600

Како што е познато, 25-годишниот Новак Ѓоковиќ три години доминира во светот на тенисот, запоседнувајќи го првото место на светската АТП листа. Во својата кариера, тој има освоено шест гренд-слем титули и триумфирал на 28. АТП-турнири. За свој најголем успех, тој сепак го посочува триумфот во Дејвис купот во 2010 година, кога репрезентацијата на Србија стана светски шампион.

Овој успех, Ноле најавува дека ќе го повтори со националниот тим и годинава, а по популарната “салатара” тргна со триумфот во Белгија, која се очекува да биде заокружен денеска и утре.

Ѓоковиќ е и тенисер со најголема заработка од турнири и досега во својата кариера има заработено нешто помалку од 50 милиони долари (48.246.016 долари), додека од спонзорства се претпоставува дека инкасирал двојно повеќе “зелени банкноти”.

MIA

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1