Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, е апсолутен фаворит за титулата на Роџерс купот во Торонто, што стартува денеска, но има причина за загриженост.
Имено, тој го напушти тренингот пред време поради болки во десниот лакт.Новак Ѓоковиќ спарингуваше со Стан Вавринка. Во текот на тренингот мораше да го повика физиотерапевтот , а после укажаната помош тој се реши да го прекине тренингот со Швајцарецот.