Гол трчал во катедрала и викал секс во школо!


Целосно гол маж почнал да трча во катедрала во Загреб и да се дере „Секс во школо“. Веднаш по него се стрчале членови на обезбедувањето и калуѓерките, кои по добро градениот млад маж, почнале да викаат „Сатана“, а туристите ги замолиле да не фотографираат.


Zagrebačka-katedrala1Сите биле вонземирени, а обезбедувањето се брзало да го фати и да го покрие.
Како на сцена од филм, ваквиот немил настан се случил во една катедрала во Загреб, за стара нова година. Било околу 10 30 часот, а во црквата имало неколку верника кои дошле да се помолат во време кога не служела мисата, заедно со неколку туристи.
„Младиот човек кој истрча имаше 25 години, физички силен со кратка темна коса.

Ми требаше само една секунда да сватам дека некој навистина трча гол низ катедралата. Неколку минути обезбедувањето трчаше по него, по што на крајот успеаа да го фатат. Успеа да им избега, но потоа благодарение на еден полицаец успеаа повторно да го фатат. Го замолија да се смири, а тој постојано викаше „Нејќам, викнете го кардиналот“. Калуѓерките веднаш се стрчаа кон туристите замолувајќи ги да не ги фотографираат, дека тој бил Сантана“, вели Никола кој во катедралата се нашол сосема случајно.

Но, двата члена на обезбедувањето и полицаецот не успеаа да го совладаат момчето, по што морало да дојде и засилувањето. Туристите биле многу заинтересирани да дознаат што е тоа што момчето го викало.
„Цело време викаше нешто за секс, секс во училиштето, па заклучив дека ова е некој кој се залага за воведување на здраствена едукација. Одбрал малку необичен начин да бара поддршка на воведување на ваквата програма, но веројатно секој си бира свој начин“, изјавил Никола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1