Морал да избира – да живее синчето или жената – изборот го јаде жив (Фото)


Бен Брукс Датон се уште се измачува со мислата од пред два месеци, кога според него, се нашол во ситуација да мора да бира кого да спаси, дали негвиот син, или љубовта на неговиот живот.

article-2265236-170B4615000005DC-625_636x371Во сообраќајна несреќа Датон смета дека можел да изманеврира подобро со својот автомобил, за да ги спаси и двајцата, откако од другата страна одеднаш се појавил автомобил кој се нашол во погрешна страна на лентата.

На крајот успеал да го спаси само неговото двегодишно синче, но помислата дека повеќе нема да биде покрај неговата 33 годишна сопруга Десрен, е нешто кои ќе го измачува до крајот на неговиот живот. Истрагата покажала дека е чудо како воопшто тројцата не загинале во истата, но сепак му соопштиле дека ја донел вистинската одлука.

article-2265236-170B41EF000005DC-113_634x424„Се измачував себеси и шпекулирав многу за тоа што се случи. Знам дека е безначајно, но, тагата е моќен непријател“, вели Датон.
На 10 ноември минатата година, Бен човек за односи со јавноста со своето семејство, за последен пат заедно го напуштиле својот дом во Јужен Лондон. За несреќа се вратил како вдовец, но барем успеал да го спаси својот син.

Понекогаш сонува за тоа што се случило, а вели дека крајот во негивот кошмар е со сосема поинаков епилог.
article-2265236-170B4280000005DC-233_306x604„Во моите кошмари, јас сум тој кој што умира, додека мојата сопруга и син остануваат живи“, вели Бен.
„Се чуствувам виновен што јас сум се уште жив, а Десрен не. Документите велат дека сум херој, затоа што сум го спасил мојот син, во време кога жена ми почина. Дека моите родители имаат син, дека Џексон барем ќе има можност да израсне со еден природен родител.

Но, не се чуствувам така. Мојата тага за мојата сопруга се повеќе ме обзема, а дополнително ме боли и за нејзините родители кои што изгубија прекрасна ќерка“, вели Бен.
И покрај поддршката од пријателите и семејството, Бен е преплавен со ненадејноста на неговата загуба, па во ситуација на очај, една вечер станал и на интернет почнал да пребарува луѓе кои што доживеале слична судбина за да разговараат и да ја сподели тагата со цел да си помогне себе си, но и на другите. Но, неговото пребарување било залудно.

Не се откажал од ваквата идеја, па отворил свој блог надевајќи се дека на тој начин ќе може да им помогне на другите да се справат со ваквата жалост. Неговиот сајт го сврте вниманието на повеќе од 100,000 луѓе, а ваквата бројка продолжува да расте.

article-2265236-170B3D33000005DC-462_634x475
„Сакам и другите луѓе да знаат дека е во ред да жалат за ваквите работи, во ред е да ги отворат своите чувства да плачат, да си дадат поддршка едни на други.

Тоа исто така е и мојот начин за да бидам во иднина подобар татко на мојот син, дете кое ќе порасне знаејќи дека не треба да биде срамно да ги покаже своите емоции“, вели Бен.
Тој првично се обиде да ја прикрие својата болка од неговиот син, но на крај заклучил дека тагата не треба да се сокрие од децата. Вели дека тие се премногу чувствителни и интуитивни да не забележат дека светот околу вас се разнишува и урива.

article-2265236-170B41F8000005DC-760_634x422
„Се обидов да го заштитам од моите чувства, но подоцна сватив дека треба да откријам се пред него. Тој е сеуште премал за да разбере за смртта и за убиството, но секогаш му велам дека таа замина и повеќе нема да се врати“, изјавил Бен.
Џексон во моментот додека ги бришел солзите во очите со своите малечки раце, Бен сватил дека во ова се заедно и дека во иднина заедно ќе мора да се борат со ваквата трагедија.
Тој се уште е изненаден од фактот, но и благодарен на бога што тој и неговиот син поминале речиси без гребнатинка.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1