Голем број пожари во Португалија и во Италија


Речиси 2.800 пожарникари од синоќа се обидуваат да изгаснат неколку пожари во северниот и централниот дел на Португалија, додека италијанските пожарникари се борат со повеќе од илјада пожари ширум земјата.

Најголемиот пожар во Португалија е околу местото Алијо, во близина на Вила Реал, а во неговото гаснење учествуваа и 500 војници.

Во Италија се регистрирани околу 1.000 пожари, од кои три се во близина на Рим.

– Состојбата е многу сериозна. Рим не смее да остане препуштен сам на себе пред оваа катастрофа, изјави градоначалничката на Рим, Виргинија Раги.

Во регионот на Лацио има 280 пожари, во Кампања – 250, во Тоскана – 150, во Калабрија – 110 и во Апулија има сто пожари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1