– Посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Сочи е откажана поради сериозен дефект на државниот авион при стартувањето на моторите.
Од Кабинетот на Претседателот потврдуваат дека Иванов изутрината требало да полета за Сочи, но дека тоа не се случило поради дефект на авионот.
Како што претходно беше најавено, претседателот на Република Македонија Иванова требаше да присуствува на отворањето на 22. Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во рускиот град Сочи, од каде требаше да замине во посета на Москва.
Од Кабинетот на Претседателот информираат дека претседателот Иванов, сепак со редовна линија ќе ја продолжи предвидената посета на Москва.