Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, бидете претпазливи, надлежните не водат сметка


Пред околу еден час загрижен граѓанин се обрати до редакцијата на БрзКруг.мк и посочи дека автопатот Скопје-Велес е крајно опасен…

karpa pat odron
Причина за тоа бил огромниот одрон на камења веднаш после малата црквичка (Катланово-Велес). Ова не е прв пат да бидат оставени одронати камења на оваа делница и по два дена. Дефинитивно, рефлексите на секој возач не се толку добри за да може да ги избегне тие опасни одрони, а од службите за патишта едноставно чекаат одронот сам да се исчисти…

Замислете удар на камен при 100км/ч… каде би завршиле ако предвид земеме дека од десната страна на овој дел од автопатот е долгиот слободен пад до реката Вардар… Вакви одрони премногу често се случуваат на овој дел од автопатот поради лошата заштита и малкуте заштитни мрежи, а во овој дел од годината или при обилни врнежи од дожд, овде се случува хаос…

И покрај нашата интервенција на наплатната рапма пред Велес, каде што беше пријавен одрон на патот пред околу две недели, вработениот се пошегува со нас во стилот „Момци се стемнува, никој не работи по темница“ и низ смеа ни наплати 80 денари како ништо да не било и како ништо да не треба да се превземе… Истиот одрон стоеше и другиот ден, а јасно беше дека никој ништо не превзел околу најголемиот проблем на таа делница, после оној проблем со возење во спротивна насока…

СЕКОГАШ БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ НА ОВОЈ ДЕЛ ОД АВТОПАТОТ, А ПОСЕБНО ДЕНЕС БИДЕЈЌИ ЗА КРАТКО СЕ СТЕМНУВА, НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ…

Брзкруг.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1