Еве кои улици во Скопје и Охрид ќе бидат затворени за Водици


Посебен сообраќаен режим на неколку булевари и улици во Скопје и Охрид, најави МВР, по повод утрешното чествување на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Од 10 часот и 30 минути во Скопје ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Филип Втори“, односно потегот на оваа сообраќајница од крстосниците со булеварот „Гоце Делчев“ до улицата „11 Октомври“. Во населбата Хром, општина Ѓорче Петров, од 11:30 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата „Васил Аџиларски“.fakjac na krst ohrid

Како што се наведува во соопштението, во Охрид од денеска ќе бидат известувани сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и кеј „Македонија“ каде е предвидено поставување на возилата со приоритет како и шатори од Црвениот крст со неопходната опрема. Утре за сообраќај ќе биде затворен булеварот „Македонски просветители“ од пресекот со улицата „Партизанска“ кон кеј „Македонија“, додека сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ целосно ќе се пренасочи кон улицата „Партизанска“. Од 7 часот ќе се врши физичко регулирање на овие сообраќајници но и на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај црквата „Св.Недела“ кај селото Коњско и на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1