Филмска бркотница во Велес – Полициско возило се преврте во канал ( ФОТО)


Вчера наутро околу 3 часот после полноќ, на ул. Индустриска покрај касарната во Велес се случи несекојдневна сообраќајна незгода, пишува БрзКруг.

ФОТО: Брз круг

ФОТО: Брз круг

Според очевидци, возачот најверојатно во алкохолизирана состојба не ја испочитувал СТОП палката на сообраќајната патрола и се дал во бегство со уште неколку пријатели во автомобилот. Полициската патрола се пуштила во потера по автомобилот, која после кратка брканица успеала да ги стигне, но сигурно не на начин на кој би посакувале. Поради лизгавиот коловоз на остриот свиок излетува автомобилот Fiat Punto, но и полицискиот автомобил Skoda Yeti при што тука завршува брканицата со превртување во каналот, а возачот на автомобилот е приведен.

За среќа, нема повредени, ниту во цивилниот, ниту во полицискиот автомобил. Инаку тој свиок е незгоден и познат и е  дел на доста фреквентна улица во Велес, каде излетуваат барем по минимум 15-20 автомобили годишно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1