Голем пожар го затемни небото над Санкт Петербург


Повеќе од 100 пожарникари се кренати на тревога во борба со огромната огнена стихија.

Огромен пожар избувна во Санкт Петербург пред еден час, соопшти rt.com. Според очевидци, огромни темни облаци се креваат над небото на овој руски град. Чадот го помрачи небото над северниот руска престолнина. Според прелиминарните податоци, горат магацини на површина од над 1000 м2.Screenshot_102

За борба со стихијата на местото веќе пристигнаа 100 пожарникари и 22 специјализирани автомобили за борба со огнот. Веќе пристигнаа и хеликоптери, кои се стремат да го локализираат пожарот од воздух.

Очевидци од градот испраќаат видео снимки со од апокалиптичен настан. “Од небото паѓаат црни парчиња”, пишува човек кој живее во регионот. Според непотврдени информации во горат магацини каде имало автомобилски делови. Веројатно таму се чува и гориво или моторни масла, бидејќи пламените имаат карактерот на спалувани нафтени производи.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1