На Ада Циганлија утрово околу 7 часот и 30 минути изгоре познат ресторан, а огнот се заканувал и на другите објекти, односно околните кафулиња. Со пожарот се справувале 13 возила, 34 пожарникари, а тој бил локализиран во 9 часот.
Според неофицијалните податоци, пожарот настанал по избувнување на плинска боца. За среќа повредени нема.
Сплавот „Кокета“ кој бил целосно направен од дрво, бргу изгорел, а огнената стихија зафатила уште еден ресторан „Ред шуз“ и според медиумите, се заканува да се прошири и на другите објекти.
„Блиц“, информира дека речиси сите објекти кои се наоѓаат во делот каде што избувнал пожарот се направени од дрво, што дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите.