Голем пожар во Штип: Пожарникар со изгореници на лицето и рацете – полицаец имал труење


Пожарникар и полицаец се повредени во пожарот кој се случи утринава дваесет минути по полноќ во стан на штипската улица Сутјеска. Командирот на противпожарната единица, Благој Ренџов вели дека според првичните информации пожарот настанал од вклучена греалкаpozar stip

Синоќа по полноќ во Штип на ул.„Сутјеска“ настанал пожар во стан сопственост на В.Д. (58), при што изгорела целата покуќнина.

При гаснењето на пожарот со изгореници од втор степен на лицето и шаките се здобил  еден пожарникар, кој е хоспитализиран на одделението за хирургија во КБ-Штип. Додека пак на еден полициски службеник поради труење со јаглероден диоксид му била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Штип,  по што е пуштен на домашно лекување.pozar stip44

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА при СВР-Штип. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Штип. Причината за предизвикување на пожарот и материјалната штета дополнително  ќе биде утврдена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1