Снимки и фотографии пристигнуваат од теренот во скопското село Трубарево, каде во моментов беснее огромен пожар кој ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад. Големи облаци црн чад се издигнуваат над метрополата и се забележуваат од повеќе скопски населби.
Во гаснењето се вклучени голем број екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, хеликоптер на МВР, хеликоптер на АРМ, исто така е ангажиран еден „ер трактор“ за дополнителна помош од воздух.
https://www.facebook.com/share/v/1BPDRbjepj/?mibextid=wwXIfr
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека за гасење на пожарот во скопско Трубарево интервенира и специјален авион ер-трактор.
Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, соопшти дека со пожарот не се зафатени објекти на фирмата „Нула отпад“, како што претходно информираше, туку се зафатени објекти на „Ф-Групација“, која се занимава со елекетронски отпад.
-пожарот ги зафати објектите на „Ф – Групација“ која се занимава со електронски отпад. Фирмата „Нула отпад“ нема објекти овде и нејзини објекти не се зафатени со пожар, соопшти Ангелов.
Претходно Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, потврди дека се работи за голем пожар со кој се зафатени отпадни материи и оти го гасат повеќе екипи.










