Големи пожари избувнале во недела во кумановско, во селото Слупчане и Матејче, соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Куманово, на територија на населеното место Слупчане има настанато голем пожар на висока борова шума.
Овој пожар во претпладневните часови околу 12:30 бил изгаснат но подоцна повторно е активиран.
На лице место има две противпожарни возила со 10 пожарникари, во приправност се уште 10 лица, но непристапниот терен и горење на крошните на дрвата кои се високо не е овозможен пристап на други лица.
Исто така на територија на населеното место Матејче активиран е пожар на дабова шума на непристапен терен.