Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи, vо текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час. Потоа ќе се задржи стабилно, суво и студено време, кое ќе се задржи до петок.
Ветер ќе има во сите денови, но ќе доаѓа од разни насоки. Утринските температури утре и задутре може да се спуштат до – 14 степени. Потоа од петок ќе следува постепен пораст на температурата.
За денеска европскиот метеоаларм има издадено жолто предупредување за целата територија на Македонија. Регионите околу Вардар се во опасност од ветер, а западниот, источниот и охридскиот од мраз и заледување.