Голема акција на МВР: Уапсени повеќе лица – вмешани и судии


Голема акција спроведува македонската полиција во моментов. Како што дознава Пресс24 од полициски извори, приведени се повеќе лица кои се сомничат за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти.apsenje lisici policija

Извори велат дека постојат сомненија дека групата соработувала со одредени судии во еден од судовите низ Македонија.

Од МВР за Пресс24 потврдуваат дека се спроведува голема акција, но не откриваат повеќе детали бидејќи е се уште во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1