Голема акција на МВР – уапсени соработници и логистичари на терористите од Куманово


Специјалците од Тигар и ЕБР, во голема акција утрово го разбија упориштето на јатаците и логистичарите, за кои организиран криминал има докази, дека им помагале на терористите кои отворија оган врз полицијата во кумановската Дива населба во мај годинава.teroristi-kumanovo

Тие, според неофицијални информации им биле доушници пред акцијата, а помагачи за време на нападите врз полицијата.

Уапсени се неколку лица, а извршени се и претреси на повеќе локации во скопскиот и кумановскиот регион.

„Алфа“ пренесува дека во акцијата  повредени нема. Од полицијата за Алфа потврдуваат дека со наредба на јавен обвинител од организиран криминал кој ја води истрагата, уапсените се носат веднаш пред судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.

Пред Основниот суд Скопје 1 видливо е зголеменото присуство на специјалните единици на МВР, а веќе во судот се спроведени и неколкумина уапсени и во тек е распит пред надлежен судија. Со детали за акцијата МВР ќе излезе во текот на денот.

Во Дива Населба, специјалците на МВР убија 10, а уапсија 28 припадници на терористичката група, во акцијата на МВР беа убиени и 8 специјалци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1