Сведоци на чудо по молитвите на Богородица


Во селцето Сохос на полуостровот Халкидики се наоѓа подворјето на Атонскиот манастир „Дохијар“. Секоја година во ова мало селце се донесува главната светиња на Атонската обител – чудотворната икона на Пресвета Богородица „Скоропослушница“. Оваа година за време на торжествениот пречек на Атонската светиња, игуменот на Дохијар, Архимандритот Григориј им раскажал на присутните за чудото што се случило во периодот на Втората Светска Војна по молитвите пред иконата „Скоропослушница“.molitva

Кога се запалила шумата во непосредна близина  на Дохијар и пламенот брзо се проширил во правец на манастирот, монасите со иконата „Скоропослушница“ се упатиле кон областа која била зафатена од разбеснетата огнена стихија. Пламенот ненадејно го променил својот правец и наскоро се угасил и така по милоста на Богородица обителта била спасена.

Некои од присутните жители на плоштадот не му поверувале на раскажувањето на Архимандритот и дури гласно го изразиле својот сомнеж во неговата веродостојност.

На 7 септември 2015 год., жителите на Сохос ги разбуди мирис на запалено. Од прозорците на своите домови тие ја видоа разбеснетата огнена стихија. Според раскажувањето на сопружниците Ангелос и Атанасија Папаси: „Нѐ фати паника, пламенот беше веднаш до нас. Прва што ни падна на ум беше да се јавиме во манастирот „Панагија“ кај о. Аполос и да побараме од него да прочита молебен канон кон ’Скоропослушница‘. Држејќи го во раце цревото, со молитва на усните, се трудевме да се спротивставиме на стихијата. Но борбата беше нерамноправна. Силниот ветар креваше огромни пламени јазици кои се закануваа да ги зафатат нашите домови. И тогаш се случи чудо: огнот почна да гаси сам од себе, оставајќи бели облаци на чад. Иако нашиот дом беше опкружен со пламен од сите страни, тој воопшто не беше допрен од него“. За сличен таков случај на борба со огнената стихија, којшто се појави на друга интернет страница, сведочи и заменик началникот на административната област Христос Папас. Според неговите зборови, силен ветар го насочил пламенот кон храмот на Св. Димитриј, но „ наеднаш сам од себе огнот се изгаси“.

Извор: АгионОрос / Denesen.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1