Голема акција: Полицијата влезе во неколку села во Тетово


Гоголема количина опрема и други материјали за нелегално приредување игри на среќа биле пронајдени и одземени при заедничката акциска контрола на полицијата и Управата за јавни приходи во три објекти во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.policija 333

Контролите биле спроведени викендов, од 16 до 19 часот во еден објект во Тетово, Теарце и Доброште, во кои нелегално се приредувале игри на среќа.

– Во трите објекти без фирма, чии сопственици се идентификувани пронајдени и со потврда одземени се 13 телевизори, 6 компјутерски куќишта, 8 монитори, 4 тастатури, 3 апарати за игри со кучиња, исто толку баркод читачи, 4 мали печатачи, 3 мауси, 3 далечински управувачи и по 1 принтер и рисивер. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со работењето на трите објекти, по што против нивните сопственици ќе следуваат соодветни поднесоци по Законот за приредување игри на среќа, член 156 став 2, изјави Јосифовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1