Голема грешка на југословенскиот динар: Го умреле Тито 50 години порано


На почетокот од осумдесеттите години на минатиот век, била донесена одлука постоечката серија на пари да се замени со нова, помодерна.

Во новата серија, секоја поединечна банкнота требала да претставува една од југословенските републики, и од едната страна да има лик од историска личност од таа држава, а од другата страна – мотив од државата. Во 1985 година излегла новата серија банкноти со воведувањето на банкнотата од 5000 динари со ликот на починатиот југословенски претседател, Јосип Броз Тито.tito-banknota-640x427

Дотогаш најголемата издадена и долгоочекувана банкнота предизвикала бура реакции во јавноста што трае до денес – не заради нејзината вредност, туку поради грешката што на почетокот никој не ја забележал.

Имено, покрај ликот на Тито се запишани годините на неговото раѓање, односно неговата смрт. Наместо 1892-1980, на банкнотата пишувало 1892-1930, па според тоа, Тито починал 50 години претходно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1