Голема несреќа во Србија, 40 мигранти се повредени


Четириесет лица се повредени откако комбе полно со илегални мигранти излетало од автопатот во близина на Долна Крајница кај Лесковец, јавуваат српските медиуми. Петмина се борат за живот, со повреди на главата и кичмата, а дваесет од нив завршиле со тешки повреди.

Несреќата се случила утрово пред пет часот, а сите повредени се пренесени во лесковачката општа болница. Началникот на Ургентен центар на болницата во Лесковец, Милан Стојковиќ за српските медиуми изјавил дека поголем дел од мигрантите имале фрактури на меките ткива, но и на ‘рбетот. Кај тројца од повредените констатирана е квадрлиплегија, односно прекин на ‘рбетен мозок.Screenshot_37

Во Ургентниот центар во Лесковец велат дека не паметат таква несреќа, а во текот на денот дел од мигрантите ќе бидат пренесени во Клиничкиот центар во Ниш.

Најголем дел од повредените се мигранти од Сирија, Бангладеш, Нигерија, кои илегално влегле во Србија, а се претпоставува дека се упатиле кон некоја од земјите на ЕУ.

Се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодена брзина, со оглед на фактот што комбето излетало од автопатот кон една нива повеќе од 150 метри.
Сообраќајот на автопатот Коридор 10 , меѓу Лесковец и Ниш се одвива нормално, без прекини, јавуваат српските медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1